Вкупниот број на вработени во Училиштето изнесува 47 (четириесет и седум), од кои 19 (деветнаесет) наставници со висока стручна подготовка и положена дефектолошка дообразба и во потполност ги исполнуваат нормативите за наставен кадар за работа во училишта за ученици со посебни образовни потреби согласно Законот за средно образование и Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, 8 воспитувачи исто така со висока стручна подготовка и положена дефектолошка дообразба и во потполност ги исполнуваат нормативите за воспитен кадар за работа во ученички дом за ученици со посебни образовни потреби согласно Законот за средно образование и Законот за ученички и студентски стандард тројца стручни соработници – педагог, психолог и дефектолог.

Станува збор за високо едуциран кадар кој перманентно, организирано и индивидуално работи на личното и организациското усовршување.

Целокупната работа на Училиштето е потпомогната и од административно-техничкиот персонал чиј вкупен број изнесува 19 вработени.

Од вкупниот број на вработени во Училиштето 32 се жени, а 15 се мажи.