Производствена и друга општествено – корисната работа е основа за развој и стимулација на позитивниот однос на учениците кон општествените вредности, вредностите на колективното живеење, поттикнување на чувството на заедништво и припадност и одржлив развој на природата.Овие активности одат во насока на подобрување на животната и работната средина во училиштето и надвор од него. Целта на производствена и друга општествено – корисната работа е кај учениците да развива љубов и позитивен однос кон работата воопшто и ососбено да негува почит кон работниот човек и резултатите од трудот. Да придонесе правилно да се сфати улгата на физичкиот и интелектуалниот труд во животот на човекот.
Задачи на производствена и друга општествено – корисната работа се:
- кај учениците да развива позитивен однос кон трудот, уредно и навремено извршување на задачите;
- да придонесе за развој на истрајноста во работата, уредно и навремено извршување на задачите;
- почитување на сопствениот, но и на туѓиот труд, меѓусебна соработка и помош;
- да се развива љубов кон природата и природните убавини;
- кај учениците да се создаваат навики за одржување на хигиената во училиштето и неговата околина;
Во таа смисла, со програмата за работа на училиштето, се предвидени активности со оштествено – корисна целисходност. Овие активности ќе бидат реализирани во согласност со државните препораки за масовни работни акции, но и во рамките на редовните школски активности.
Учество во овие акции од општествено важен карактер ќе земат учениците, наставниците, воспитувачите, родителите, а во одредени форми и техничкиот персонал на училиштето, дополнителните активности од страна на вработените , учениците и други лица Центарот доколку е во можност и понатаму ќе ги стимулира со цел постигање на уште подобри резултати
Се организира во неработни денови и слободно време. Во рамките на редовните школски активности во Центарот ќе се организираат следните општествено корисни акции:
- подобрување на естетскиот изглед на внатрешните простории во Центарот
- грижа за хигиената, редот и дисциплината во училниците, спалните соби, просториите за заеднички престој, училишниот двор.
- Почетокот на новата учебна година и приемот на учениците од прва година ќе биде означен со првата родителска средба. Родителите ќе бидат запознати со организираната поставеност на училиштето и нивните права и одговорности.
- Во месец септември ќе биде одбележан Светскиот ден на глувите лица со активмости во организација со Националниот сојуз на глуви и наглуви на РМ
- Во месец октомври училиштето на ,,Денот на востанието на РМ’’ и ,, Денот на Македонската револуционерна борба’’ ќе бидат одбележани со читање реферати – На 29 октомври преку низа активности ќе биде одбележан Патрониот празник на Центарот – свечена претстава подготвена од учениците со одговорниот воспитувач, организирање на свеченост по избор од страна на учениците
- Во месец декември ќе биде одбележан 3ти Декември – ден на лицата со посебни потреби заедно со Националниот сојуз на глуви и наглуви на РМ и Факултетот за дефектологија, Денот на Св. Климент Охридски ‘’.
- Во активностите по повод Новогодишните празници активно учество во декорирање на училниците освен учениците и наставниците ќе земат и родителите. Крајот на календарката година ќе биде одбележан со пригодна забавна програма.
- Во месец март со читање реферат и лични творби ќе биде одбележан Меѓународниот ден на жената. Денот на екологијата ќе биде одбележан преку разни активности во кои ќе бидат вклучени родителите се со цел уредување на просторот во училиштето и училишниот двор.
- Првиот ден од месец април со организиран маскенбал ќе биде одбележан ,,Денот на шегата’’. На 7-ми Април ќе се одбележи „Светскиот ден на здравјето’’. На 28 Април преку низа еколошки активности ќе биде одбележан ,,Светскиот ден на планетата земја’’.
- Во текот на месец мај ќе бидат одбележани значајни дати меѓу кои: 1 Мај- ,,Денот на трудот’’, 4 Мај-Денот на загинувањето на Гоце Делчев’’ и 24 Мај ,,Денот на Македонските просветители’’.
- Во месец мај ќе биде организирана забава по повод заминувањето на матурантите од Центарот.