Планирањето на активностите во сите подрачја како и ефектите кои се очекуваат од нивната реализација во голема мера зависат и се во согласност со условите во Центарот т.е.ресурсите со кои располага, како што се материјално техничките, човечките, кадровите, финансиските и општите услови во локалната средина. Центарот ги задоволува критериумите и нормативите за простор, опрема, наставни и нагледни помагала.
За вршење на својата дејност Државниот училишен центар за образование и рехабилитација “Партенија Зографски” – Скопје располага со два наменски изградени објекти (училишна зграда и ученички дом) со вкупна површина од 5272 м2 и простран училишен двор.
Училишна зграда
Училишната зграда во која се изведува образовно-воспитниот дел од дејноста на Центарот има површина од 4102м2. Во неа се сместени 14 училници и 4 кабинети со вкупна површина од 884м2. Сите училници и кабинети се опремени со неопходниот инвентар како и со потребните дидактички средства и помагала за современо изведување настава по секој наставен предмет.
Покрај училниците и кабинетите училишната зграда располага и со следните наменски простори:
– библиотека со читална (46м2), со книжен фонд од 2000 книги;
-три кабинети лаборатории (172м2) за изведување вежби по предметите од природните науки и стручните предмети;
-фискултурна сала со помошни простории со површина од 300м2.
– кабинет за настава по Информатика опремен со 13 персонални компјутери и печатар.
-три работилници (машинска, текстилна и дрвопреработувачка) за реализирање на содржините од практична настава, со површина од 300м2.;
-наставничка канцеларија со површина од 100м2.
-шест административни простории со површина од 154 м2
– седум апартмани за сместување на гости, ученици и студенти
Ученички дом
За сместување и исхрана на учениците од внатрешноста на Република Македонија, како и за други вон наставни активности Центарот располага со ученички дом со површина од 1170м2.
Ученичкиот дом е опремен со следните наменски простории:
-56 спални соби најголемиот дел со четири кревети но дел од нив се двокреветни, трокреветни, петокреветни и повекекреветни соби, со вкупна површина од 768м2. Секоја спална соба е опремена со неопходниот инвентар за задоволување на потребите на учениците. Сместувачкиот капацитет на ученичкиот дом и сместувачкиот капацитет во училишната зграда е за околу 220 корисници. Останати простории со кои располага ученичкиот дом:
– кујна за приготвување храна за учениците со трпезарија
– магацински простор за чување на храна
– три занимални за попладневни занимања
– три канцеларии за воспитувачи
– сала за приредби и ТВ сала
– засолниште и други помошни простории;
– седум бањи со санитарни чворови
– перална
– безжичен интернет пристап во секое време
Во ученичкиот дом покрај ученици со оштетен слух се сместуваат редовни ученици од другите средни училишта на територија на град Скопје , студенти од факултетите во градот Скопје како , раселени лица и други гости на Центарот .
И оваа година како и години наназад Центарот ќе сместува ученици -средношколци кои учат во училиштата во непосредна близина, како и студенти од повеќе Универзитети. Во ученичкиот дом и понатаму ќе се реализираат викенд дежурствата од страна на наставниците и воспитувачите.
Центарот располага со простран училишен двор со површина од 25000м2 , поголемиот дел е уредена и озеленета. Во дворот на Центарот изградено е спортско игралиште со површина од 1000м2.
Загревањето на двата објекта е со парно греење. Од безбедносни причини двата објекта се опремени со видео надзор.
Наставни средства и помагала
Учениците во текот на наставата ќе користат учебници за средно образование кои оваа учебна година ги обезбеди Владата на Р.С.Македонија.
Наставата се изведува во современи кабинети опремени со колор ТВ приемник, видео рекордер, компјутер за секој ученик и печатар. Од спроведениот проект на Владата на Р.С.Македонија-компјутер за секој ученик, во Центарот се инсталирани компјутери во секој кабинет и во просториите во домот каде се одржува попладневното занимање. Со нивната примена се создаваат можности за зголемување на нагледноста во наставата, а со тоа и поквалитетна едукација на учениците со оштетен слух.
Следејќи ги тековите на модернизација на пазарот на трудот Центарот е насочен кон покривање на потребите на стручниот дел од наставата. Во поглед на опремувањето на стручниот дел од наставата т.е. работилниците од машинска и текстилна струка каде се реализира практичниот дел од стручното образование, Центарот се труди за нивно доопремување. Текстилната работилница континуирано се опремува со цел успешна реализација на практичната настава и во моментов таа е солидно опремена со:
- десет индустриски машини за шиење
- три обични машини за шиење
- полуавтоматска електрична преса за пеглање
- индустриска пегла на пареа
- индустриски оверлок со пет конци
- Индустриски оверлак со четири конци- две машини
- обичен оверлок со три конци
- индустриска машина за шиење копчиња
- електрична машина за кроење- две
- Индустриска машина за везење
Ваквата состојба со опрема на текстилната работилница континуирано ќе се следи и ќе се унапредува согласно современите барања на пазарот на трудот. Наставникот од практичната настава во текот на годината организира посета на текстилни работилници со цел комплетно запознавање со процесот на производство.
Машинската работилница е опремена со средства и алати кои се неопходни за изведување на практичниот дел од наставата за учениците од прва и втора година и истата се реализира во неа, додека учениците од трета, четврта и петта година, практичниот дел од наставата го реализираат во погоните при околните претпријатија и тоа Агро-сервис, Макпетрол -тема, WABTEC, согласно со занимањето за кое се определиле. Тенденција на Центарот е да се подобри состојбата со машинската работилница со цел комплетна реализација на практичната настава во истата.



