Училиштето како комплексен динамичен систем претставува важна општествена институција. Новите општествено- политички и економски промени во Републиката, како и промените во опкружувањето наметнаа нови погледи, содржини, верување и однесување но и многу дилеми и предизвици во остварувањето на образовниот процес. Кон овие промени треба да се додаде и процесот на децентрализацијата на образованието што од своја страна наметнува промени во повеќе сегменти на образовниот систем.
Условите на стопанисување и високите стандарди бараат добро организирани училишта во кои ќе се одвива квалитетно образование, односно училишта кои имаат јасна визија за својата иднина.
МИСИЈА НА УЧИЛИШТЕТО
Социјализација, оспособување за самостојно извршување на работните задачи и интегрирање во работните процеси, овозможување и оспособување за вклучување во високо образование.
ВИЗИЈА
Добро организирана, материјално – технички опремена и кадровски екипирана воспитно-образовна установа.