ДУЦОР „Партенија Зографски“ Скопје е единствено училиште за средно стручно образование на ученици со оштетен слух во РМакедонија.

Организирана активност на планот на оспособувањето на оваа популација во Републиката започнува уште во 1953 година кога група младинци започнува со изучување на столарскиот занает и килимарскиот занает. Основите на Центарот се поставени кога Главниот одбор на глувите на НРМ го формира – „Нижото занатско училиште за глуви деца во стопанството”.

Целосен воспитно-образовен систем во Р.Македонија е воспоставен на 17.05.1955 година кога со Одлука на Извршниот совет на Народното собрание на НРМ бр.137 е верифицирана дејноста на Центарот под име “Стручно занатско училиште со практична обука за глуви деца”.

Изминатиов период се карактеризира како период на постојан подем, создавање на квалитетни услови за реализирање на содржините на дејноста, обезбедувајки просторни услови, материјално-техничко опремување, обезбедување на современи нагледни-дидактички сретства, технички апарати и помагала што е од особена важност за оваа категорија ученици.