Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски” Скопје

е училиште за средно стручно образование за ученици со посебни образовни потреби (со оштетен слух). Центарот располага со двa наменски изградени објекти: училишна зграда и ученички дом каде се згрижени учениците од внатрешноста на Република Македонија.
Основна дејност на Центарот е: образование, воспитување, рехабилитација, професионално и работно оспособување на ученици со оштетен слух од Република Македонија.
Воспитно – образовната работа во Центарот се одвива на македонски јазик и кирилско писмо.

Со унапредувањето на професионалниот развој на наставно-воспитниот кадар и со примена на информатичката технологија ќе го подобриме квалитетот на наставата за оваа категорија ученици-со оштетен слух, со акцент на поттикнување на креативноста и индивидуалниот потенцијал кај учениците и подобрување на успехот во нивниот стручен развој како иден квалитетен кадар на пазарот на трудот.