Основни форми за реализирање на програмските содржини се редовната, теоретска настава и практичната настава.

Редовната настава е основна форма на воспитно – образовна дејност во училиштето. Таа е предуслов, извор и поттик на сета воспитно образовна дејност. Во наставниот процес на најорганизиран начин се здобиваат со знаења, умеења и навики. Таа се изведува според наставниот план и програма од МОН и БРО.

Наставата ќе се реализира според наставните планови и програми коисе одобрени од надлежните органи. Преку реализацијата на наставните програми, учениците ќе ги усвојат основите на општото и стручното образование и ќе стекнат практични вештини заради вклучување во работниот процес или натамошно продолжување на образованието.

Секој наставник работи според наставен план и програма, изготвува годишно глобално планирање, планирање на темите /целините/,како и подготовка за секој наставен час. Подготовката пред почетокот на учебната година опфаќа темелно проучување на наставната програма, обезбедување стручна литература, собирање информации од интернет и сл., додека подготовката за наставните часови е редовна обврска. Во текот на наставата, секој наставник ќе ги користи расположивите наставни средства и помагала.

Едноставните промени во голема мера може да го променат однесувањето и резултатите во учењето на учениците. Потребно е да се искористи талентот на поголем број од учениците за создавање средина добра за учење.

Во наставата ќе се применуваат разновидни форми на работа со учениците со што секој наставник наставата ќе ја доближи до индивидуалните способности, можности и предзнаења на учениците. Во рамките на истата наставна програма учениците ќе добиваат различни задачи по тежина. Во работата со различни ученици ќе се користат форми и методи што се најсоодветни за нив, а темпото на работа како и времето за совладување на потребните содржини ќе се прилагодуваат според можностите на секој ученик или група ученици. На учениците треба да им се понуди разновидност и избор како да учат. Тоа најдобро се постигнува со добра подготовка за настава. Добра подготовка за настава е половина завршена работа. Нема замена за добра подготовка. Никој во наставата не е совршен, но со добра подготовка, а особено во организацијата на часот станува подобар на секој нареден час. За остварување на овие задачи секој наставник ќе изработи и користи разни инструменти за дијагностицирање на способностите и предзнаењатана учениците, посебно изготвени планови за работа со одделни ученици, наставни ливчиња, диференцирани задачи и друг вид на инструменти за следење на напредокот на учениците. Со други зборови, во наставата се поголемо место ќе зафаќа новата методологија во работата со учениците – поголема нагледност, подготвеност на наставникот и учениците, поинаковприод кон наставниот материјал, поинаков однос кон учениците како главниносители во реализацијата на наставата. Директорот на училиштето со својот тим континуирано ќе ја следатработата на наставниците – планирањето, организацијата и реализацијата нанаставата, да ја насочуваат работата на наставниците почетници, со помалоискуство, преку посета начасови, консултации и инструкции. Посебно ќе се следи работата напослабите ученици и навреме да преземат соодветни мерки ирешенија.

И оваа учебна година Центарот се продолжува со програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. Секој наставник во својот наставен предмет е задолжен да изготви подготовка за наставен час и да ја реализира содржината во текот на учебната година.

Практичната настава се реализира паралелно со стручно – теоретската настава. Има за цел да ги оспособи учениците за извршување на определени работи и работни задачи: почитување и применување на правилата на однесување на работното место, примена на теоретското стручно образование во практиката, примена на приборот и разни технички средства и помагала и материјали; да црта, испишува, комплетира техничка документација, да го избира и применува алатот, приборот потребен за изведување на работи во машинска и текстилна струка и др. Во училиште практичната настава се изведува во соодветни работилници – машинска и текстилна. Дел од практичната настава од машинската струка се изведува во соодветни фирми . За реализирање на овој вид настава, одговорниот наставник изготвува оперативна програма, каде се утврдени видот, времетраењето и времето нареализација на истата.

Феријална практика се реализира во стручното образование по завршувањето на наставната година, и тоа за учениците од III и IV година во траење од 10 работни денови. За време на обавувањето на феријалната практика, секој ученик води дневник за работа под надзор на соодветно стручно лице од организацијата каде ученикот ја обавува практиката, а го вреднува одговорниот наставник во месец септември.

Феријалната практика има посебно значење во оспособувањето научениците за усвојување на целите, задачите и содржините во соодветните наставни планови и програми. Преку неа на учениците им се овозможува теоретските знаења непосредно да ги поврзат со практиката, односно да се запознаат и директно да се вклучат во извршувањето на определени работи и работни задачи од делокругот на образовниот профил. Таа има задача да ги обедини здобиените знаења од стручните предмети и да овозможи учениците да се здобијат со нови знаења. Се реализира во сите претпријатија, фирми кои се верифицирани за соодветната дејност која одговара на струката и образовниот профил.

Дополнителната настава ќе се организира во текот на целата учебна година за учениците кои имаат потешкотии во совладувањето на одредени содржини од наставниот материјал, но и во јуни и август за учениците со една или две слаби оцени. Во рамки на дополнителната настава наставниците ментори одржуваат редовни средби според претходно утврден распоред со учениците стипендисти од ромска националност.

Додатната настава ќе се спроведува според потребите на учениците, а со цел  подготвување за натпревар, вклучување во високото образование.

Изборната настава е присутна само во четиригодишното образование и тоа во четврта и петта година на образование. Учениците имаат можност да изберат два предмета од понудени четири. Од нив два предмета се општообразовни и два стручни.

Училиштето ги почитува правата и обврските на учениците при определување за изборни предмети и ги спроведува прописите поврзани со таа проблематика.Утврдувањето на застапените изборни предмети за учебната 2023/24 година е резултат на следната процедура:

Спроведена активност Време на реализација
Прибирање на податоци за понудени изборни предмети од наставните планови и програми за средно стручно образование Април
Одржани родителски средби на кои се презентирани програми за понудените изборни предмети Мај
Презентирање на разговорите од родителските средбипред наставничкиот совет Мај
Наставничкиот совет – одлука за застапени изборни предмети Јуни
Информирање на учениците и родителитеза застапените изборни предмети Јуни

Слободни часови на училиштето – согласно општиот државен курикулум за реформирано средно стручно образование и обука е предвидена реализација на слободни часови на училиштето во прва, втора, трета и четврта година, а за четиригодишното образование и во петта година. Слободни часови на училиштето се наменети за задоволување на образовните и на останатите потреби на учениците кои сакаат и можат да изучуваат и други содржини надвор од задолжителните содржини, односно реализираат други активности. Врз основа на наставните планови за четиригодишното стручно образование, училиштето ги програмира содржините за слободните часови на училиштето. Програмите за слободни часови се изготвуваат наставниците, а содржините од овие програми треба бидат флексибилни и да ги задоволат потребите на учениците, родителите, локалната заедница и работодавачите. При изготвување на програма за слободни часови на училиштето се зема во предвид:

– целите на програмата да се во функција на струката / профилот;

– целите на програмата да соодветствуваат на возраста на учениците за кој е наменета програмата;

– исполнување на техничко-материјални, просторни и кадровски услови за реализација на слободните часови на училиштето.

Програмирањето на слободните часови се врши според одредена содржина на програмата за слободни часови на училиштето. Вкупниот број е минимум 18 часа, а максимум 72 часа, односно 66 часа (за последната  наставна година).

Се организираат во текот на работните денови во неделата во термин прифатлив за учениците. Предвидени се како часови во неделниот распоред. Одговорниот наставник изработува програма и води евиденција за редовноста на учениците.

По изготвување на програмата за слободни часови на училиштето, по предлог на наставничкиот совет, училиштето бара стручно мислење за програмата од Центарот за стручно образование и обука само за четиригодишното образование. За тригодишното образование програмата изготвена од страна на наставниците се разгледува и усвојува на наставички совет.

Покрај програмите за слободни часови кои се изготвуваат од самото училиште и се во функција на струката, училиштето може да понуди и реализација на програми кои се однесуваат на проектните активности од подрачјата: Мир, толеранција и заштита; Урбана култура; Култура на здраво живеење; Природни науки; Претприемништво и бизнис, изготвени од страна на Бирото за развој на образованието и верифицирани од Министерството за образование и наука.

Државна матура и завршен испит – почнувајќи од наставната 2010/11 година со воведување на четиригодишното образование со времетраење од пет години во нашиот Центар учениците можат своето образование да го заокружат со полагање на државна матура или завршен испит.

Учениците од тригодишното образование со времетраење од четири години на крајот од четвртата година полагаат завршен испит.

Начинот и организацијата на државната матура и завршниот испит е регулиран со посебен Правилник пропишан од Министерот за образование и наука.

Наставата во Центарот се реализира во кабинети за секој наставен предмет. Согласно Законот за средно образование наставник во Центарот може да биде лице со завршено соодветно високо образование, педагошко-психолошка и методска подготовка, дефектолошка дообразба и положен стручен испит.