Во ДСУРЦ „Партенија Зографски“ – Скопје, нашата мисија не завршува во училишните клупи. Напротив, нашето знаење, искуство и ресурси ги споделуваме со другите, ширејќи ја свеста за значењето на знаковниот јазик и правото на секое дете да комуницира и да биде разбрано.

🤟 Со посветеност и љубов, го пренесуваме знаењето за знаковниот јазик и на најмладите – децата од градинките. Веруваме дека кога децата уште од најрана возраст учат да комуницираат на различни начини, тие растат во личности кои прифаќаат, разбираат и ги почитуваат различностите.

🌈 Нашата цел е да градиме општество во кое различностите нè зближуваат, комуникацијата не познава бариери, а секое дете има можност да биде дел од заедницата.

Знаковниот јазик не е само начин на комуникација – тој е мост што поврзува луѓе, срца и светови! 🤟❤️

Leave a Comment