Има едно место на овој свет
сите што не зближува,
многу љубов, многу насмевки,
тоа ни подарува.
Има едно место на овој свет
патот наш го осветлува,
таму прагот ќе го поминеш,
од детството во младоста.
И нема никогаш ти да се почувствуваш сам
околу тебе ќе бидат сите секогаш знам
и секој ден, секој час ќе ти поминува
во радост со нас.
Моето место е токму тука
тука ќе ми минат дните,
моето срце силно чука
кога е заедно со сите.
Моето место е токму тука
тука ќе ми минат дните,
моето срце силно чука
кога е заедно со сите.
Чувствувам како минува секој ден
полн со љубов чиста,
во очите сјај, во срцето жар
и насмевка секогаш иста.
имам со кого да споделам се
и радост и тага,
ова место е посебно
сите што не зближува.
Моето место е токму тука
тука ќе ми минат дните,
моето срце силно чука
кога е заедно со сите.
Моето место е токму тука
тука ќе ми минат дните,
моето срце силно чука
кога е заедно со сите.
И нема никогаш ти да се почувствуваш сам
околу тебе ќе бидат сите секогаш знам
и секој ден секој час ќе ти поминува
во радост со нас.
Моето место…