Учениците имаа можност да ги испробаат интерактивните игри развиени во рамки на проектот, како и да се запознаат со различни професии преку поврзување со личните вредности и интереси. Игрите предизвикаа голем интерес и активно учество, а атмосферата беше исполнета со смеа, размислување и желба за откривање на сопствените потенцијали.

По играта следуваше отворена дискусија во која учениците ги споделија своите впечатоци, идеи и соништа за иднината. Разговаравме за тоа што значи да се направи свесен избор, колку се важни личните вредности, и како тие можат да нè водат до професијата што нè исполнува.

Работилницата претставуваше значаен чекор во процесот на кариерно насочување, каде што преку игра и разговор, нашите ученици направија уште еден чекор поблиску до разбирање на себе и својата иднина.

Leave a Comment