Од 3-8 јуни се одржа Спортскиот Камп за инклузивна толеранција 2024, на Власина, Р. Србија, во организација на клубот Нигресив од Ниш и под покровителство на американската амбасада во Белград.
Учество земаа 80 ученици и преку 20 наставници, воспитувачи и волонтери од редовните и училиштата за деца со посебни потреби од Србија, Црна Гора, БиХ, Словенија и Македонија. ДУЦОР „Партенија Зографски“ го претставуваа учениците: Тавита Мусоска, Мелиса Демировска, Алиекбер Шакиров, Денис Мусоски, Јове Илиевски и Кристијан Маркоски, како и наставникот Братислав Стојановиќ и возачот Иван Стојчевски.
Учениците имаа активности секој ден, претпладне и попладне. Беа поделени во групи и секоја група се натпреваруваше во голем фудбал, полигон, шутирање на кош, влечење на јаже, пикадо, како и возење на педалинки и возење со брод по езерото. Во вечерните часови имаше диско за децата кое е во склоп на хотелот.