По повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Претседателката на нашата држава г-ѓа Гордана Силјановска Давкова го посети Државното средно училиште со ресурсен центар „Партенија Зографски“ – Скопје, коешто годинава одбележува 70 години постоење.
Таа укажа на испитување на можноста, со помош на дигитализацијата и вештачката интелигенција, учениците со оштетен слух и говор да можат да се вклучат во редовните образовни институции.
Ја проследи и ученичката претстава преку која учениците пренесоа порака дека знаковниот јазик и јазикот на телото, се подеднакво моќни како говорот да го изразат уметничкиот дух и актерска креативност на учениците.
Воедно Претседателкаѕа ги посети и ликовната, машинската и текстилната соба/работилница, како и мултисензорната соба – најпосакуваното место за мир, медитација и имагинација.









