Нашите ученици беа дел од Отворениот ден на Машинскиот факултет во Скопје, каде имаа можност да ги посетат лабораториите и одблиску да се запознаат со светот на науката, технологијата, истражувањето и иновациите.
![]()
Преку практични примери и запознавање со современата лабораториска опрема, учениците имаа можност да видат како знаењето стекнато во училиштето се надградува преку истражување и практична работа.
„Choose Science!“ – затоа што науката не е само учење, туку и љубопитност, истражување, создавање и градење на иднината.
Посебно ни е драго што нашите ученици имаа можност да се инспирираат и да откријат нови можности за своето понатамошно образование и професионален развој.


