Проект: „ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ: Подготовка за идните предизвици со инклузивен пристап“ (спроведуван како дел од проектот „Поттикнување на практични и професионални вештини кај учениците за Skills Competition во духот на EuroSkills“) финансиран од Европска Унија во соработка со Занаетчиска комора Скопје.
Денес во нашето училиште се одржа Регионалниот натпревар на вештини за техничар за дизајн на облека и техничар за е – трговија и дигитален маркетинг.
Проектот е насочен кон поттик и подготовка на ученици за развивање практични вештини и компетенции потребни за учество на училишни, регионални и национални натпревари за стручни вештини, со што ќе се унапреди нивната подготвеност за идните професионални предизвици.
Нашето училиште активно учествуваше , а нашата вредна ученичка Ѓулсефа Муса го освои II место. ![]()
![]()


