Во рамки на проектот „Code for Change: AI for Diverse Youth“, успешно беше реализирана серија на дисеминациски активности преку одржување на три тематски работилници со различни целни групи млади.

Работилниците беа организирани со ученици со комплексни потреби, со глуви ученици во училиштето, како и со средношколци сместени во ученички дом. Секоја од работилниците беше прилагодена според потребите и можностите на учесниците, со цел да се обезбеди пристапност, разбирливост и активно учество на сите.

Преку интерактивни активности, практични примери и дискусии, учесниците имаа можност да се запознаат со основните концепти на вештачката интелигенција, нејзината примена во секојдневниот живот, како и нејзиното значење за иднината. Посебен акцент беше ставен на инклузивноста, еднаквите можности и поттикнувањето на креативноста и критичкото размислување кај младите.

Со овие активности се придонесе кон подигање на свеста за современите технологии, јакнење на дигиталните компетенции и охрабрување на младите активно да се вклучат во процесите на промени во своите заедници.

Leave a Comment