Со куќен ред на Училиштето се регулира редот, дисциплината, односите меѓу учениците, наставниците и наставата во Училиштето. Според Законот за основно образование, како и Статуот на Училиштето, учениците имаат права кои ги остваруваат преку наставата и другите облици на воспитна-образовна работа, а истовремено имаат и обврски кои што треба да ги исполнуваат и почитуваат.
– Училиштето работи во една смена од 8.00 -16.00 часот
– Учениците доаѓаат на настава најдоцна десет минути пред почетокот на наставата
– По завршувањето на наставата учениците ја напуштаат училишната зграда.
– Сите потреби од административен карактер учениците ги остваруваат исклучиво преку класните раководители
– Ученикот како субјект во воспитно-образовниот процес да има јасна слика за својата положба и улога во училиштето и да ги знае своите.права и одговорности и да се прилагодува на новите барања.
– Учениците да ги почитуваат законските одредби и одлуките на органите во училиштето и пошироко.
– Секогаш да служи како пример со својот изглед и однесување и да формира културни и естетски навики, да внимава на својот морален лик.
– Да се почитуваат аргументите на другите и да не се даваат непристојни коментари.
– Секој ученик треба да биде ценет како личност без оглед на неговите способности, талент, пол, раса, култура, традиции, националност,вероисповед и социјална положба.
– Ученикот да има совесен, одговорен и хуман однос кон сите воУчилиштето.
– Да ја почитува личноста на своите соученици, наставници и родители и да ја цени меѓусебната зависност на индивидуи и групи.
– Во случај кога наставникот од било која причина не е на часот подолго од 10 минути, потребно е дежурниот ученик да ја извести стручната служба, заради регулирање на часот.
– Додека трае часот, забрането е излегување од часот и шетање низ ходници за да не се наруши текот на наставата.
– За време на наставата потребно е во училишната зграда да има работна дисциплина.
– Се забранува групно и индивидуално напуштање на часови. Поради истото на учениците ќе им бидат изречени педагошки мерки.
– Должност на сите ученици е да ја одржуваат хигиената во училниците, ходниците, тоалетите и училишниот двор.
– Најстрого е забрането пушење во училиштето и внесување на дрога, алкохол и оружје.
– Најстрого се забранува непочитување, нарушување на личноста и угледот и физичкиот интегритет на соучениците, вработените и наставниците во и надвор од училиштето.
– Најстрого се забранува предизвикување на тепачки, а меѓусебните недоразбирања учениците да ги решаваат на другарски начин,
– Со своето однесување да даваат позитивен пример на своите деца ученици;
– При посетите во училиште да го почитуваат кодексот за пристојно облекување.
– Да се погрижат нивните деца редовно да присуствуваат на часовите
– Редовно да се информираат за напредокот и поведението на ученикот (родителски средби, средби со предметни наставници и сл.)
– На родителите и останатите лица не им е дозволен самоиницијативен влез во училниците и во останатите простории на училиштето.
– Информативните средби се одвиваат според утврден распоред и никако за време на настава или за време на одморите;
– Искрено, совесно и одговорно да го информираат наставникот за секоја настаната ситуација во врска со ученикот;
– Да го почитуваат почетокот и крајот на часот и да не влегуваат во училница за време на час;
– Да го почитуваат угледот на наставникот и на сите вработени во училиштето;
– Пристојно и со почит да се однесуваат кон наставниците и вработените во училиштето и да негуваат коректен однос со нив;
– Да соработуваат со наставниците, стручните служби и директорот на училиштето;
– Да се воздржуваат од коментари (позитивни и негативни) пред детето – ученикот за наставникот и за останатите служби во училиштето;
– Редовно и навремено да одговараат на повикот од наставниците или стручната служба на училиштето;
– Со свои ставови и знаења да помагаат во креирањето на политиката на училиштето.