Во Центарот има изготвено Протокол за превенција на насилното однесување чија цел е намалување на асоцијалното и насилното однесување и заштита на учениците од насилство. Во тековните активности ќе учествуваат и самите ученици преку индивидуални и групни активности, заедно со наставно-воспитниот персонал и родителите, како во активности на редовната настава, класните часови така и при реализација на воннаставните активности. Во рамките на оваа програма Центарот ќе оствари соработка со установите за безбедност преку одржување на едукативни работилници за учениците. Соработката со овие институции ќе продолжи и оваа учебна година.
Во рамките на програмата за соработка со родителите, како и преку соработка со институции во поблиската и пошироката околина ќе се спроведуваат активности во училиштето во кои ќе учествуваат родителите, учениците и наставниците со цел да се допринесе за подобрување на социоемоционалната состојба на учениците.
Превентивна програма против насилство
Целта на оваа програма е да се спречи насилното однесување во училиштето и да се едуцираат учениците за ненасилно решавање на конфликтите.
Превентивна програма против болестите на зависност
Целта на оваа програма е намалување на злоупотрбата на наркотични средства и едуцирање на учениците преку содржини од сите наставни предмети за штетноста од злоупотребата на овие средства. Преку вклучување во разни активности и проекти учениците ќе градат и преферираат здрави животни стилови.
Училиштето ќе соработува со Центарот за социјални работи. МВР-оддел за малолетничка деликвенција и невладини организации за да им помогне на оние ученици кои покажуваат асоцијално однесување. Овие ученици ќе бидат вклучени во разни проекти и активности.
Безбедност во училиштето
Сите субјекти вклучени во воспитно-образовниот процес треба во училиштето да се чувствуваат безбедно и сигурно за да можат успешно да ја извршуваат својата работа. И родителите сакаат нивните деца училиштето да го доживуваат како безбедна средина и да се чувсвуваат пријатно. За таа цел во Центарот постои видео надзор, дежурни наставници, дежурни воспитувачи и чуварска служба.
Позитивна социо-емоционална клима
Центароти оваа учебна година ќе продолжи да води политика на еднаквост и правичност во односот спрема сите ученици и родители и континуирано поттикнува верска, национална и културна толеранција. За таа цел ќе се превземаат повеќе активности: подеднакво за сите ученици ќе се применуваат изработените правилници и критериуми за изрекување педагошки мерки,критериуми за доделување на награди и пофалби на учениците, кодекс за однесување на учениците и етички кодекс за оценување на постигањата на учениците; ќе се поттикнува поддеднакво учество на сите ученици во наставните и воннаставните активности; континуирано ќе се изготвуваат инструменти за следење на успехот на сите ученици; ќе се одржуваат средби за следење на социјализацијата и постигањата на учениците, за сите ученици ќе се води ученичко досие, ќе се изложуваат трудови на сите ученици без разлика на пол, националност и верска определба.
Учениците континуирано и навреме ќе добиваат информации за се што е директно поврзано со нив и нивните интереси, а ќе им се овозможи и да ги искажат своите ставови и мислења и да партиципираат во решавањето на проблемите кои ги засегаат како и да донесуваат одлуки за истите.Ова ќе се оствари преку:обработка на содржини на класниот час во кои активно ќе се вклучуваат учениците, а се однесуваат на различни проблеми кои се од нивни интерес; училишната заедница во рамките на која учениците ќе ги добиваат информациите кои се од нивни интерес, но исто така и проблемите кои ги чувствуваат ќе ги пренесуваат во училишната заедница и ќе им се овозможи да покренуваат иницијативи за нивно решавање; разни дебати преку кои учениците ќе ги искажуваат своите ставови и мислења за различни теми кои тие сами ќе ги изберат; анкети со кои се ќе испитува мислењето на учениците за теми кои се од нивни интерес , а притоа ќе се земат во предвид и нивните мислења во врска со истите.
Родителите континуирано и на време ќе бидат информирани за се што се однесува на нивните деца како и за сите активности кои ќе бидат превземени во училиштето во рамките на наставата и воннаставните активности, а исто така ќе добијат и можност и да се вклучат во наставниот процес и воннаставните активности.Ова ќе се остварува преку родителските средби, Советот на родители, Училишниот одбор, секојдневната отвореност на училиштето за родителите, но исто така и преку индивидуални разговори со класните раководители, наставниците, директорот, педагошката служба, преку изработка на флаери и др .
Во рамките на приоритетот на училиштето за едукативна поддршка и професионален развој со подобрување на примената на стекнатите знаења од обукитее изготвен акционен план за работа во кој се планираат интерни обуки во соработка со невладините организации, акредитирани установи, учество на меѓународни проекти и во соработка со БРО, МОН. Во текот на годината зависно од тековните активности и проекти од страна на МОН, БРО, невладини организации и меѓународни проекти, на вработените од нашето училиште ќе им биде овозможено присуство на семинари, обуки, проекти, симпозиуми, конференции.
Континуирано во текот на учебната година ќе се спроведуваат акции и кампањи за:
- Намалување отпад во училиштето и локалната средина
- Заштеда на енергија
- Заштеда на вода
- Намалена потрошувачка на електрична енергија
- Разубавување и озеленување на училишниот двор
Акциите и кампањите се спроведуваат со цел да се промовираат еколошките активности во пошироката заедница, да се подигне свеста и да се вклучат поголем број на ученици, деца, вработени, родители, медиуми и сл.
Со спроведување на акциите ќе се подобри соработката меѓу учениците, вработените, родителите и локалното население, а воедно сите заедно ќе дадат свој придонес за создавање на одржлив свет.