По повод 5 Мај – Ден на Македонскиот јазик денес со учениците реализиравме низа активности.
Преку креативни работилници, литературни читања, изработка на постери и јазични игри, учениците имаа можност да ја изразат својата љубов кон јазикот, но и да научат повеќе за неговото значење како дел од нашиот идентитет и култура. ![]()
Јазикот треба да се негува, да се почитува и да се пренесува на идните генерации.
