Учениците од нашето училипте го посетија Технолошкиот парк N99 при ФОН Универзитетот.
Тие имаа можност одблиску да се запознаат со современи технологии, иновативни проекти и креативни решенија од областа на информатиката и инженерството.
Учениците беа особено воодушевени од роботот Алшар, кој привлече големо внимание и интерес.
Посетата беше инспиративна и едукативна, а воедно се договоривме и за понатамошна соработка со цел примена и унапредување на знаковниот јазик.
Ваквите искуства претставуваат важен чекор кон нивниот личен и професионален развој.![]()
![]()
![]()



