Во соработка со Интер партиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост при Собранието на Република Македонија и Организацијата за попреченост и правда Зета, денес во нашето училиште се одржа работилница на тема: „Права и предизвици на младите со попреченост – превенција и заштита од семејно насилство и насилство врз лицата со попреченост.“
Преку отворена дискусија и едукативни активности, разговаравме за правата на младите со попреченост, предизвиците со кои се соочуваат и важноста од навремено препознавање и спречување на сите форми на насилство.
Целта на работилницата беше да се подигне свеста, да се поттикне емпатија и да се зајакне одговорноста на сите нас во создавањето безбедна, инклузивна и поддржувачка средина за секое дете и млад човек.
Упатуваме искрена благодарност кон сите учесници на оваа работилница. Само заедно ќе изградиме општество во кое секој ќе биде почитуван, заштитен и прифатен. ![]()








