Во Центарот се организираат разновидни воннаставни активности од разни области: културно-уметнички, работно-производствени, физичко-рекреативни, општествено-забавни и други. Преку овие активности учениците се воведуваат во разни области од животот и имаат можност организирано да го поминат своето слободно време. Исто така се создаваат услови за работа и развој на оние ученици кои покажуваат посебен интерес и дарба кон одделни активности.
Реализацијата на слободните активности се одвива по однапред утврден план и програма во чие изготвување учествуваат самите раководители на слободните активности водејќи се од интересите и барањата на учениците. Планот и програмата ги содржат целите и задачите, содржините, облиците, методите и организацијата на работата, како и местото и времето на реализацијата.
Учениците од ДУЦОР “Партенија Зографски” имаат можност да ги реализираат следниве слободни активности во форма на секции:
-драмска
-шаховска
-пинг-понг
-мал фудбал
-кошарка
-ликовна
-планинарење
Учениците имаат голем избор на разни активности кои овозможуваат на секој ученик да пројави интерес за членување барем во една од нив и тоа по пат на слободна определба.
На ова поле посебно треба да се истакне драмската секција која по повод патрониот празник на Центарот подготвува и изведува претстави.
Учениците учествуваат во разни проекти организирани преку владини и невладини организации и здруженија.
Културно-забавниот живот на учениците од ДУЦОР “Партенија Зографски” се организира по повод: роденденски, новогодишни, матурски и други прослави.
Исто така Центарот ќе земе активно учество на разни натпревари, односно учествува на спортски натпревари на ниво на општина со редовните училишта, потоа натпревари на ниво на град и република, натпревари меѓу училиштата со посебни образовни потреби, редовно учествува на Домијада и др.
Ученички натпревари
Ученичките натпревари се облик на активности преку кои еден ученик или група ученици се трудат подобро или побрзо да постигнат добри воспитно-образовни резултати. Натпреварите имаат значајна улога во развојот на личноста на ученикот. Преку нив се поттикнува и развива интересот на учениците кон одредена активност, па на тој начин се воспоставува активен однос кон наставата и вреднувањето на постигнатите резултати.Училиштето кое континуирано вложува во својот развој исоздава позитивна, продуктивна и стимулативна училишна климасоздава и ученици кои ќе го вложат својот максимум за реализацијата на сопствените афинитети и вештини. Правилното канализирање на енергијата која ја носи во себе ученикот и можноста да се надградува според афинитетите е одговорна задача на училиштето, кое го води ученикот кон портите на успехот. Секој ученик се гордее со своите лични постигнувања, како и со постигнувањата кои ги носи во име на училиштето. Клучот на успехот лежи во сите нас кои го поттикнуваме мотивот за самодокажување на учениците и желбата за афирмација во општеството.
Во текот на учебната 2023/24 година училиштето ќе учествува на натпревари кои одговараат на можностите и способностите на учениците со оштетен слух.
Оваа година училиштето ќе продолжи со развивање на спортскиот дух на учениците, по одделни спортови и дисциплини. Овие активности ќе бидат реализирани преку училишниот спортски клуб „Партенија Зографски“. Во врска со тоа ќе се поттикнуваат учениците кои имаат посебен интерес, дарба, афинитет да го дадат својот придонес во развој на спортските дисциплини во училиштето. Во контекст на тоа, тие ќе бидат вклучени и ќе земат активно учество во спортски натпревари во самото училиште каде ќе се развива натпреварувачкиот дух, во натпревари во организација на Федерација на училишен спорт на Град Скопје и Федерација на училишен спорт на Република Македонија. Планот за работа на училишниот спортски клуб е интегриран во Годишната програма за работа на проектна активност по спорт и спортски активности.
Во организацијата и спроведувањето на натпреварите се вклучуваат сите наставници чии ученици учествуваат на соодветниот натпревар.