![]()
Во рамки на програмата Еразмус+, изминативе две недели нашето училиште беше домаќин на ученици и наставници од училиштето Liceul Special pentru Deficienti de Auz “ Sfanta Maria” од Букурешт, Романија.![]()
![]()
Преку заеднички активности, работилници, дружење и размена на искуства, учениците имаа можност да стекнат нови знаења, да создадат нови пријателства и да се запознаат со различни култури и традиции.![]()
![]()
Благодарни сме за прекрасната соработка, позитивната енергија и незаборавните моменти што ги споделивме заедно.
Продолжуваме со градење европски вредности кај нашите ученици, како и потенцирање на она што ги збогатува, а тоа е поддршка, меѓусебно разбирање и почитување.











