❤️ Денес имавме можност да уживаме во Панел дискусија на тема: Справување со стереотипи преку стил, театар и знаковен јазик и МОДНА РЕВИЈА на која беа претставени уникатни дела изработени од учениците од текстилната струка.

Преку својата креативност, посветеност и стекнатите вештини, учениците покажаа дека модата е уметност, начин на изразување и простор за иновации.👌🫶

Настанот беше реализиран во соработка со SIEC, за што од ❤️ им благодариме. 🙏

Со оваа идеја уште еднаш ја потврдивме важноста на партнерствата кои им овозможуваат на младите да ги развиваат своите таленти и професионални компетенции.🤝

Особена благодарност до присутните гости – г-ѓа Жаклина Пешевска, пратеничка во Собранието на Р Македонија и г-ѓа Снежана Трпевска, Советник во Владата на Македонија и национален координатор за лица со попреченост, како и гостите од Букурешт, Романија за присуството и несебичната поддршка на настанот.🙏

Упатуваме голема благодарност до учениците, до нашите колеги Љубиша Савески и Викторија Волак, како и до сите останати кои со својот труд и ентузијазам се погрижија за беспрекорност на овој значаен настан.

💙 Заедно денес создадовме вистинско модно доживување. 👗🧵

Leave a Comment