Изминативе три дена ДСУРЦ „Партенија Зографски” – Скопје учествуваше на традиционалната 32- ра „Домијада” која се одржа во Охрид.
Оваа средба на ученичките и студентските домови беше исполнета со натпревари во фудбал, шах, пинг понг, одбојка, ликовна колонија, тркалезна маса и многу многу дружење помеѓу врсниците од цела Македонија.
Горди сме што нашиот училишен Центар оваа година учествуваше во сите категории, а се врати со сребрен медал за освоено
место во категоријата шах.
![]()
Честитки до сите учесници и до менторите кои се погрижија за достоинствено претставување на нашиот училишен Центар на оваа манифестација.![]()








