Во соработка со СВР – Скопје, Одделение за превенција и малолетничка деликвенција”, денес реализиравме исклучително едукативна работилница во рамки на Проектот – Безбедност во училиштата
Тема 1 – Стоп Булинг и видови насилство
Тема 2 – Зависности од психотропни супстанции, алкохол и цигари.
Преку отворен разговор, корисни совети и едукативни содржини, учениците и родителите имаа можност да се информираат за причините, последиците и начините за превенција од различни форми на девијантно однесување.
Веруваме дека преку едукација, поддршка и заедничка грижа можеме да придонесеме за создавање побезбедна и поздрава средина за нашите ученици.
Благодарност до претставниците од СВР – Скопје, Одделение за превенција и малолетничка деликвенција”, за успешната соработка и посветеноста во работата со нашите ученици.![]()


